
Започна третирањето за заштита од комарците во Општина Штип. Првото прскање веќе е спроведено, односно се реализираше на 17 мај годинава, кога се прскаше против ларви од комарци, а се прскаше и против глодари. Целта е да се заштити населението од комарци и глодари, во периодот кој следи. Третирањето се изврши во периодот од 13:30 до 15:30 часот. Со дезинсекцијата беа опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територија на Општина Штип. Третирањето се спорведе со соодветен препарат
„Беше спроведена на територијата на Општина Штип лавицидна дезинфексција со цел уништување на ларвите на комарците. Исто така беше извршена и превентивна дератизација односно заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари и уште една дезинфекција која се одвиваше во просториите на општинската зграда.“ – вели Ристова.
Прскањето против комарци е започнато навремено, согласно програмата за прскање. Започна во месец мај и ќе се спроведува се до месец септември. Со ова треба да се намали постоењето на комарци и глодари како и штетното влијание врз населението.
„Со цел заштита на населението во Општина Штип предвидени се седум третирања од месец мај до месец септември кои ќе се спроведат и едно авионско прскање“ – додава Ристова.
Дезинсекцијата ќе се врши преку избран извршител по пат на јавна набавка кој општината ќе го избере сама или во соработка со другите општини од источниот плански регион.
Заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), Општина Штип ќе врши превентивна дератизација на главните канализациони шахти во градот и населените места, а по потреба и на други места доколку се појават други глодари кои претставуваат опасност од појава на преносливи болести.
За спроведување на оваа програма општината има предвидено средства во Буџетот за 2024 година во износ од 2.000.000,00 денари.
Лаура Стојанова, М-Нет