
Нов мултифункционален парк добја и жителите од населба Осми Ноември во Штип. Со нови детски и спортски содржини, летниковци, подлоги со вештачка трева на игралиште за фудбал и баскет граѓаните и од оваа штипска населба ќе може да уживаат во целост.
“Од денес па о наредниот период, во наредните денови и месеци жителите ид насебла Осми Номеври ќе може да го користат мултифункцоналниот парк со спортски и детски содржини и со летниковци. Како што најавивме пред извесно време се работеше на поставување на подлога за мал фудбал со вештачка трева, за баскет, еден спортски терен кој ќе ги анимира најмалите генерации. Исто така поставени се детски реквизити со содржини, летниковец каде нашите сограѓани ќе може да го поминат своето слободно време.“ – кажа Јорданов.

Задоволни од направенто се и жителите кои живеат во оваа населба. Велат по подолг временски период ќе има катче каде може децата да играат, а возрасните да уживаат,.
Мултуфункционалниот парк е целосно осветлен со што жителите од штипската населба Осми Ноември, но и сите граѓани ќе може да го користат и навечер. Градоначалникот Јорданов ја искористи приликата да упати апел до сите да го чуваат она што се прави со цел да може да се користи подолго време.
„Инвестирани се повеќе од 1,5 милиони денари од Буџетот на Општина Штип. Овој комплекс или повеќефункционален парк е целосно осветлен за да можат и во вечерните часови граѓаните да го користат. Сакам да апелирам граѓаните да го чуваат за да можат да го коростат“ – додаде Јорданов.

Градоначалникот Јорданов додаде дека идејата е секоја штипска населба да добие свое катче, простор во кој своето слободно време ќе го користат сите генерации и интезивно се работи на оставрување на таа идеја.
Лаура Стојанова М-Нет