
Нов апарат за анестезиологија доби Одделот на Анестезиологија и реанимација при Клиничка болница Штип. За три месеца ова е втор апарат набавен со средства од Буџетот на болницата, истакна директорот, доктор Ален Герогијев. Со набавката на нови апарати и сервис на старите се овозможува извршување на повеќе хируршки интервенции со цел побезбедна хирургија во интерес на пациентите.
„По повод ставањето во функција и набавката на новиот апарат за анестезија кој ќе биде ставен за употреба на одделот за анестезија и реанимација, Станува збор за нов апарат кој го купивме со сопствени средства и оној претходниот кој го купивме во август, успеавме во рок од три месеца да купиме два нови апарати за анестезија и со сервисот на апарати завршивме во делот на сервисирање на апарати, набавка на опрема за анестезија, со цел можност за извршување на повеќе хируршки интервенции и изведување на побезбедена хирургија во интерес на пациентите“ – кажа доктор Георгијев.
Овие два апарати се планирани уште претходната година кога впрочем се прави и планот за јавни набавки, а истите се од голема потреба за одделот за анесезиологија.

„Тој апарат за анестезија ќе се користи на сите оддели кајкои се применува хирургија. Значи одделе за хирургија, за ортопедија, гиникологија. Овој апарат е набавен со сопствени средства, некаде околу три милиони денари му е вредноста и оној во август кој го набавивме исто така е со сопствени средства. Тој чинеше 2,2 милиони денари со што имаме веќе два нови апарати за анестезија.“ – додаде Георгијев.
Економската криза директно влијаеше врз работата на Клиничка болница Штип, како и врз набавката на нови апарати, дециден е Георгијев. Но, сепак вели успех е што болницата не се остава без потребните апарати, а со тоа граѓаните од Штип и регионот добиваат добро и квалитетено здравство.
Лаура Стојанова М-Нет