Дали 13 нови вработување во КБ Штип ќе го ублажат недостигот на вработени?

Нови 13 работи места треба да се пополнат во Клиничка болница Штип за да се ублажи недостигот на кадар во болницата. Се чека одобрение од финасии за распишување на огласот за нови вработувања. Директорот, доктор Ален Георгијев истакна дека и покрај тоа што недостасуваат вработени сепак работата не трпи, а не трпат ниту пациентите.

„Состојбата со кадарот, има делови од персоналот кои имаме сериозна потреба од нив. Се работи за болничари, хигиеничари, тоа е работа која многу ни недостасува, ни фалат и доктори и сестри. Очекуваме овие денови да пристигне одобрение од финансии да распишеме оглас за приме на доктори и сестри со што ќе го ублажиме недостигот. Ова последното барање се работи за шест доктори на медицина, за шест медицински сестри и една акушерка.“

Медицински кадар недостасува речиси во сите оддели при КБ Штип, а дополнителен проблем е што голем дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство. Но, најголем недостаток има од анестезилози, доктори на одделот за ортопедија и на дделот за очни болести.

„Минатата година во рок од неколку месеци поради напуштање на болницата од неколку гениколози и други за жал трагични настани останавме без четири гениколога. Во тој период имавме доктори на специјализација, еден по еден се вратија и во моментот имаме пет гениколога и таму не се чувствува некој недостиг на доктори“ – додаде Георгијев.

Георгијев истакна дека наредната годин акога ќе се прави планот за приме на нови вработени, одењето на доктори во пензија или на специјалзација ќе се внимава со цел да не се соочат со поголем недостаток на лекари, а со тоа да трпат пациентите.

Лаура Стојанова М-Нет