
Нов конкурс на Фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“ – Штип – за 2025 година, кој ќе таре заклучно до 1 март. На истот право да конкурираат ќе имаат изведувачте кој што ќе се пријавуваат за аудиција на фестивалот, како и авотри со своја музика, текст и аранжман. Од страна на претставниците на овој фестивал, велат дека најважно е децата да бидат на возраст до 12 години, а авторите да имаат композиција, која што за прв пат ќе биде изведена овде и да е исклучливо авотрска.
Директорот Филип Стевановски за медиумите вели дека сите потребни информации за пријавување ги има на нивната веб страна, со што детално ќе можат да се информираат заинтересираните.
„Првиот конкурс кој што е за автори, ги повикуваме сите автори кој што се автори за музика, текст и аражман да ги пријават своите композиции. Правилата на конкурсите како и секоја година, така и оваа композициите да не траат повеќе од три минути, композицијата да не е објавувана на друг фестивал и да е исклучливо авотрско дело. Конкурсот што е за изведувачи како и секоја година, така и оваа право на учество имаа дечиња од 6 до 12 годишна возраст исто на страната, само се пријавуваат за аудиција. “, вели Стевановски
Во однос на кандидатите, секој кој што сака да твори и пријави композиција, слободно може да конкурира, додава Стевановски
Она што додатно велат од овој фестивал е тоа што од оваа година тие имаат и хор, кој што ќе функционира како самостоен хор и ќе има свој песни и преработки и истиот во моментот има околу 30 членови.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет