Цената на месото во месарите складна и за производителите, децидни дека пазарот ќе биде задоволен

Цената на месото во месарите складна и за производителите. Согласно храната, која во последните години сточарите ја купуваат евтина, тие велат дека цената е реална, па децидни се дека пазарот ќе биде задоволен со домашно свинско месо.

Увозот на замрзнато свинско месо се секогаш злоупотребува, велат тие, па затоа истакнауваат дека ваквото месо треба целото да оде само за преработка, а не и за други цели.

Во согласност со ситуацијата, храната која сточарите ја обезбедија годинава изнесуваше девет денари, а тие навреме си ги наполнија амбарите, пред да цената скокне на речиси 16 денари, што за во моментот е нормално.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет