После долги години се реконструира голема сала во Општина Штип, се очекува да биде готова за неколку дена

Течат последните подготовки за комплетната реконструкција на големата и главна сала за состаноци при Општина Штип. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека нешто повеќе од еден милион денари се издвоени од буџетот на општината за оваа реконструкција, која што се очекува во наредните денови да биде завршена.

“После доги години откако е направена практично административната зграда на Општина Штип, одлучивме да направиме реконструкција на главната и големата сала за одржување на седниците на совет, но и за за одржување на многу настани, кои што во текот на годината општината и другите институции ги организираа во истата оваа сала. Нешто повеќе од еден милион денари се издвоени за комплетна рекострукција на оваа сала.“, вели Јорданов

Со ваквата реконструкција, Јорданов вели дека ќе има по соодветен амбиент во самата сала, која ќе се користи за сите настани, кои што ќе се организираат и одржуваат во иднина.

„Верувам дека во наредните денови, откако ќе биде завршена веќе седниците на совет, но и сите настани кои што се организираат, а се поврзани со општината и другите институции ќе има по соодветен амбиент во самата сала и верувам дека ќе користи за сите настани кои што во иднина ќе се организираат и одржуваат во истата, но и за самите седници на совет.“, додава Јорданов

Инаку после долги години, откако е направена практично административната здграда на самата општина, вкавата одлука за реконструкција и на големата сала, ќе придонесе подобар амбиент за самата општина.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет