Ново фудбалско дерби на истокот, овојпат во Кочани: Осогово – Кит Го Пехчево

Добриот стар Исток со фудбалските „рапсодии“ во досегашните првенствени натпревари мошне импресивно се врати на фудбалските мапи на Македонија. Ниту пандемијата, ниту празните трибини не ги обесхрабри раководствата, стручните штабови и самите играчи да го дадат сиот свој максимум, да играат со полна пареа за што сведочат и самите резултати во кои сведоци сме дека има постојано пријатни а за некои екипи непријатни изненадувања. Претстојното 11 коло најавува нова „бура“ на истокот во кои неколку комшиски дерби натпревари ќе дадат акцент на досега постигнатото. Еден од таквите натпревари ќе се одвива на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани каде што силите ќе ги одмарат Осогово – Кит Го Пехчево. Во првиот дел во Пехчево беше интересно, возбудливо , до крај неизвесно и зачинето со дури 6 атрактивни голови или со конечене резултат 3:3. Во сабота и Осогово е осоколен за победа за тоа има услови, има добар играчки кадар , но и гостите од Пехчево располагаат со уиграни, талентирани и пред се фудбалски потковани играчи кои се орни за враќање на бодот ако не и повеќе. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија ќе биде Александар Урошевиќ,прв асистент Фатон Мустафи, втор асистент Дарко Јовчевски и четврти судија ќе биде Бенјамин Ќерими сите од Тетово. За Контролор е делегиран Зоран Бојанинов од Скопје а Делегат ќе биде Ацо Алексоски од Долнени. Натпреварот Осогово – Кит Го Пехчево ќе се одигра во сабота 14 ноември на стадионот Никола Мантов во Кочани со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk