Дополнители кревети за болните од Ковид – 19 со изградбата на монтажен ковид центар во Штип.

Со рапидното зголемување на бројот на заразено од Ковид19, како на ниво на државата така и во Општина Штип, се наметна и потребата од градење на монтажна ковид болница. Истата беше, најавена од претходно, а се очекува во догледно време да биде направена за да може да се води тешката битка со корна пандемијата. Општина Штип во договор со министерството за здравство има обврска да ја припреми подлогата и теренот каде што ќе биде поставен монтажниот ковид центар, – изјави вд. градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов. Потребата од ваква монтажна блоница расте секојдневно со зголемување на лицата позитивни на корона вирусот. Празни кревети на Инфективното одделение во Штип нема, ситуацијата е сериозна, – вели директорот на Клиничката болница Штип, д-р. Ален Георгијев. Изградбата на нова монтажна ковид болница во град Штип, значи дополнителни кревети за болните лица на кои им е потребно болничко лекување. Состојбата на Инфективното одделение во Штип, бара алармантност, бидејќи и покрај снабденоста на сите потребни заштитни реквизити, боците со кислород се трошат се повеќе и повеќе.

Лаура Стојанова М-Нет