Портите на градскиот парк не беа затворени сепак дел од јавните реквизитите се забранети за користење. Виничкиот градоначалник кажа дека како резултат на одржаните редовни и вонредни состаноци на општинскиот кризен штаб во Виница пред одредено време се донесе одлука да се забранат за користење на истите со што ќе се намали групирањето и нормално заштитат најмилите во овој град а тоа се децата од корона вирусот.
Како резултат после одржаните редовни и вонредни состаноци на општинскиот кризен штаб на Виница се донесе одлука да се стави забрана за користење на реквезитите кои се поставени во паркот и другите јавни површини за да не се овозможи поголемо групирање на децата а со тоа се намалува ризикот од можна зараза од корона вирусот кај нив.
Не е точно определен рокот до кога лулашките и другите елементи за забава на децата ќе бидат надвор од употреба. Како локални самоуправи во сите градови од истокот се стремат за помалку групирања на јавни места и поседување на лична заштитна опрема кај секој човек така да во неколку наврати како за пример се зема општина Македонска Каменица која во неколку наврати од почетокот на пандемијата доделуваше бесплатни маски за повеќекратна употреба а набавени како резултат на добрата соработка со локалните текстилни конфекции.