
Новогодишниот базар во Штип ќе се одржи овој, последен викенд пред Нова година. Во сабота е планирана целодневна програма на градскиот плоштад Слобода во Штип. Ќе настапар децата од фестивалот Весело штурче, предвидени се аниматори и престави со што престојните празници ќе бидат во соодветен амбиен создаден за најмалите, децата од град Штип. Последните подготвки за базарот се во тек, дел од централното градско подрачје е украсено и свети, а елката поставена на плоштадот треба да биде завршена со елементи изработени од вредните раце на децата од основните училишта на територија на Штип.
„Во текот на викендот односно во сабота се планира Новогодишниот базар. До тогаш ќе бидат завршени сите припреми за осветлување на централното градско подрачје, ќе има целодневна програма од она кое сум информаиран на градскиот плоштад Слобода ќе настапуваат децата од Весел штурче, ќе има театарска престава за деца и други аниматори кои ќе се погрижат еве дечињата од град Штип да добијат еден соодветен предновогодишен амбиент и покрај сите проблеми со кои се соочуваме, покрај инфлацијата која владее ќе придонесеме предоновогодишен амбиент во градот“ – кажа Јорданов.
Предновогодишен базар се организираше и минатата година, на плоштадот Слобода, на кој граѓани и приватни лица на пптандови нудеа рачни изработки, а целиот настан беше збогатен со шоу за деца.
Лаура Стојанова М-Нет