Кој ќе ги менаџира училиштата ако директорите не можат да полагаат менаџерски испит?

Една година централната власт го ускратува основото уставно право на потенцијалните директори на институции да може да го положат менаџерскиот испит, а живееме во држава во која Законите различно се толкуваат. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека ова е причина поради која потенцијалните директори на институции не може да бидат назначени за директори, дополнително нема образложение зошто е тоа така. Пример е штипската гимназија, градоначалникот добива дописи да распише оглас, а кандидатите не може да полагаат за менаџерски испит.

„Во исто време централната власт преку нивните инструменти, преку нивните министерства праќаат дописи до мене како градоначалник доколку не распишам оглас во институциите кои се под Локална власт дека надлежностите и одговорностите ќе ми бидат одземени. Замислете од една страна не дозволуваат никој да полага и да се стекне со соодветна квалификација, освен поранешните кадри на СДСМ, а во исто време праќаат дописи до мене дека треба да ги распишам огласите. Тоа значи дека во оваа држава не владеат Закони, привилигирани се одредени лица и тоа го кажувам со конкретен пример“ – вели Јорданов.

За ситуацијата да биде уште поапсурдна вели Јорданов, дел од кандидатите имаа положено неколку истпити, но со смената на директорот на ДИЦ истите не им се важечки.

„Вршителот на должност директор може да биде да биде именуван, без положен менаџерски испит и соодветни други квалификации, но за да биде назначен и да конкурира на распишан оглас мора да ги има положено сите овие соодветни испити. За волја на вистината и апсурдот да биде уште поголем замислете потенцијалните директори на сите институции под Локална самоуправа започнаа процес на полагање, положија неколку испити и веќе кога стигнаа до финална фаза се изврши смена на директорот на ДИЦ кој ги поништи сите полагања дека се неважечки“ – додава Јорданов.

Јорданов во овој момент вели одговор не може да си даде ни самиот на себе, не само во врска со овој случај, туку и за многу останати.

Лаура Стојанова М-Нет