Нови 30 контејнери за селектиран отпад во Штип

Општина Штип во соработка со компанијата ,,Пакомак’’  продолжува во обезбедување услови за селектирање на отпадот и тоа поставување контејнери за отпад од стакло. За таа цел ќе бидат поставени 30 вакви контејнери  пред сите основни, средни училишта и детски градинки, како и на повеќе фрекфентни локации во градот.

Градоначалникот Бочварски упати апел до граѓаните за вршење селекција на отпад затоа што живееме во ново време каде треба да ги почитуваме сите европски стандарди и препораки со цел да живееме во поздрава животна средина.

Денес ЈП „Исар“ чистеше кабест, габаритен отпад и градежен шут до контејнерите за одлагање на Комунален цврст отпад во строгиот центар на градот од несовесни граѓани.

-„Сите оние граѓани кои непрописно ќе одлагаат шут, ѓубре и со тоа ќе создаваат диви депонии ќе бидат казнети“ – изјави градоначалникот на Штип.