
Со кадровски промени во раководната структура, од денес ОВР Кочани добива ново водство, со цел унапредување на ефикасноста и континуитетот во работата.
На функцијата началник на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е именуван Тоше Стојанов, кој доаѓа на местото на Филип Костовски. Новото назначување се очекува да придонесе за понатамошно јакнење на оперативните капацитети во областа на криминалистичките истраги.
Истовремено, за раководна улога во рамки на ОВР Кочани е поставен и Драганче Даневски, полициски службеник со речиси три децении искуство во безбедносните структури. Даневски во изминатиот период ја извршувал функцијата заменик-командир, а неговото последно работно место било инспектор за увиди при ОВР Кочани.