Вода како „кафе“ тече од чешмите во Пехчево – граѓаните револтирани реагираат

Револтирани граѓани од Пехчево веќе подолг период реагираат поради кафената и нечиста вода што тече од нивните чешми. Група граѓани, загрижени за сопственото здравје, испраќаат пораки и видеа до нашата редакција, на кои јасно се гледа состојбата на водата. Велат во 21 век немаат чиста вода за пиење и употреба, со што стануваат загрижени за сопственото здравје.

,,Водата во Пехчево веќе подолг период е нечиста и неупотреблива. Не ја пиеме, ниту готвиме . Принудени сме да купуваме“, велат револтираните граѓани

За проблемите ги конткатиравме и надлежните од Општина Пехчево, мегутоа градоначалникот Александар Китански не даде одговор за настаната ситуација со водата за пиење.

Иван Митев, М-Нет