Нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Штип

Вистина ли е дека Апелациониот суд во Штип ја потврдил пресудата на сопругата на претседателот на ОО на СДСМ Штип, дека во време кога партиски била поставена за главна сестра во одделението за физикална терапија при КБ Штип, направила проневера на финансиски средства во износ од 20 илјади евра? Ова и низа други прашање се поставија денеска на прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Потврдено ли е кривично дело и кривична санкција, со условна казна од шест месеци, доколку не го повтори делото за определен временски рок, односно дали судот потрвдрил дека сторителот е фатен со рацето во парите од џебот на пациентите?
Вратени ли се украдените парични средства од џебот на пациентите во буџетот на КБ Штип и дали од таквото криминално владеење, СДС не може да обезбеди средства за изградба на КБ Штип?
Дали поради тоа што сторителот е сопруга на висок партиски функционер на СДС, потврдена е одлуката за кривична санкција со минимална казна за сторителот, која не само што нема да делува превентивно за други можни девијанти однесувања, ќе мотивира идни сторители на истотото кривично дело“ – прашаа од ВМРО ДПМНЕ.

На ова од ОО на СДСМ Штип во писмено соопштение одговорија дека станува збор за излишни паушални прес конференции.

„Излишни се ваквите паушални прес конференции на ВМРО ДПМНЕ во време кога немаат ништо сработено за граѓаните на Штип речиси една година.
Со вакво очајно дефокусирање на јавноста, ВМРО ДПМНЕ нема да ја прикрие нивната неспособност и неработење.
Во време кога судството е независно, ВМРО ДПМНЕ нема што да покажува со прст кон СДСМ , бидејќи единствено надлежни по ова и слични прашања се судските органи.“ – одговрија од ОО на СДСМ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет