Десет признанија за најдобрите наставници од училиштата и градинките во Штип

Десет наставници од училиштата во Штип добија признание по повод Светскиот ден на учителот. Од градинките, Елизабета Симоновска од „Астибо“, Билјана Ефтимова – Бошкова од „Вера Циривири Трена“. Од основните училишта, Загорка Донска од училиштето „Ванчо Прке“, Тодорка Јовева од училиштето „Тошо Арсов“, Татјана Божинова од училиштето „Славејко Арсов“, Елена Ташкова од училиштето „Гоце Делчев“ и Марија Петровска од училиштето „Димитар Влахов“. Од средните училишта, пак, Емилија Шуманска од училиштето „Димитар Мирасчиев“, Антонио Киров од „Коле Нехтенин“ и Влатко Двојаковски од „Јане Сандански“.

„Затоа имаме голема одговорност да посакаме многу успеси, затоа што доколку ги постигнуваме успесите во образованието ќе го генерираме заеднички развојот на нашиот град. Признанијата што денес ќе ги доделиме на најмалку нешто што денес можеме да го направиме како Општина“, истакна Јорданов.

Општина Штип и сите образовни институции го одбележаа Светскиот ден на учителот со свечена академија. Свој настап имаа учениците од дел од основните и средните училишта во Штип, но и најмалите од детските градинки.

„Зборот учител кај секој од нас буди различни сеќавања. Сите знаеме колку е важен првиот учител, бидејќи токму тој е личноста што го креира и трасира нашиот живот. Учителот е херој. Тоа се луѓе коишто секојдневно воспитуваат, образуваат и инспирираат“, истакна еспина Сивеска, продекан за настава на Факултетот за образовни науки.

Гимназијата „Славчо Стојменски“ традиционално немаше свој претставник, туку им беше доделено признание на училиште без ваучер. Општина Штип ваквите признанија ги доделува традиционално секоја година.

Ребека Спасова М-Нет