
Денес се комплетираше 12. коло од Третата лига – Север, кое беше отворено вчера со еден натпревар.
Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт имаа можност преку директен пренос да го проследат натпреварот меѓу Аеродром и Шкендија Арачиново.
Сосема очекувана беше победата за Шкендија која на овој натпревар беше голем фаворит за нова победа и освојување на трите бодови, а фаворитската улога беше оправда со триумф од 0:2.
По мирните мрежи во првиот дел (0:0), во вториот дел беа постигнати двата погодоци. Исмаил Абдуловски во 68. минута го отвори противникот за водство од 0:1 за Шкендија, додека пак во 85. минута Јасир Беќири постигна гол за конечни 0:2.
Лидерот Куманово во 91. минута стигна до минимална (0:1), но голема победа над некогашниот второлигаш Кадино на гостински терен. Победата за Куманово е голема со оглед на фактот што го чуваат првото место во Третата лига – Север кое води во баражот за Втора лига.
Иван Мицевски беше херојот за Куманово, кој го постигна победничкиот гол во 91. минута, а победата добива на тежина, откако Христијан Димовски во 59. минута доби жолт картон за приговор, а веднаш потоа уште еден жолт и за неспортско однесување, по што мораше да ја напушти играта, па до крајот Куманово играше со играч помалку.
Сосема очекувана беше победата на Фортуна од 4:0 над „фенерџијата“ ССК Нова. Бејтула Авдулаи и Еркан Шаип беше двојни стрелци во новата победа за Фортуна.
Башкими Љуботен со 3:0 славеше висока победа над Бутел. Курти во 17. минута постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Фетаи со два гола ги постави конечните 3:0.
Петровец на домашен терен доживеа голем пораз од некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, откако гостинот со 1:5 стигна до лесна победа. Калач во 6. минута постигна гол за водство од 1:0 за домашниот тим, а до крајот на првиот дел Јаневски со два гола обезбеди предност од 1:2 на полувреме.
Во вториот дел Зоран Тасевски постигна хет-трик за конечните 1:5.
Натпреварот меѓу Беса Влазрими и Риниа не се одигра и истиот е одложен, бидејќи терен беше покриен со снежна покрива и немаше услови за игра.

Колото беше отворено вчера со натпреварот меѓу ланскиот второлигаш Пехчево и БВК Коњаре меч кој заврши со триумф за гостинската екипа од 2:3. Гостите преку Бакиевски и Ќерими на на полувреме имаа водство од 0:2.
Во 51. минута Бакиевски со втор гол обезбеди предност од 0:3, а по две минути Голубов намали на 1:3. До крајот на натпреварот домашниот тим преку Наков успеа да го ублажи поразот на конечни 2:3.
АВТОР: Александар Ванев