Нови обуки за наставниците – подготовка за вештачка интелигенција

Во тек се новите обуки за наставниците, кои ќе се фокусираат на вештачката интелигенција. Како што истакна министерката за образование Весна Јаневска, наставниците веќе поседуваат основни дигитални вештини, а сега ќе преминат на напредни обуки, кои ќе им овозможат да ги користат технологиите на вештачката интелигенција во наставниот процес. Таа рече дека наставниците ќе добијат поддршка од тимови за информатика, а целта е да се подобри квалитетот на наставата и да се подготват учениците за иднината, во која вештачката интелигенција ќе има клучна улога.

,,Прирачниците летово ќе бидат готови, инаку јас ве информирам дека ние имаме над 20.000 наставници и во два месеца тие не можат да се обучат, но ви велам дека тие имаат предзнаења, поминале обуки за дигиталнизација на процесите, базични секако имаат. Сега одат кон напредни обуки, кои можат да ги користат. Користејќи ги прирачниците и луѓето од информатиката , кои им се на располагање, можеме да почнеме со основните алатки, а потоа секако дека ќе имаат обука и декако секако, како им при дигитализацијата, така и за вештачката интелегенција , ќе имаме се понапреди и понапредни вештини.“, истакна Јаневска

Но, од друга страна граѓаните остануваат децидни дека, вештачката интелегенција покрај што може да биде корисна, може да биде и многу штетна.

Во текот на овие обуки, наставниците ќе се стекнуваат со нови вештини кои ќе им помогнат да ја интегрираат вештачката интелигенција во наставниот процес. Сепак, дел од граѓаните изразуваат загриженост за можните негативни ефекти од оваа технологија, нагласувајќи ја потребата за внимателен пристап и етичко користење на вештачката интелигенција во образованието.

Иван Митев, М-Нет