
Потребна е модернизација и усовремнување на условите за работи при кризни состојби вели премиерот Христијан Мицковски во посета на Штип. Додава дека потребни се современи и модерни летала, но и алатки за бргу детектирање. Мицковски јавно ја искористи приликата да се заблагодари на сиге луѓе кои неуморно подолг период се борат со огнената стихија, припадниците на армијата, припадници на МВР, но и доброволци.
„Поради екстремно високите температури ова лето и пожарите кои секојдневно се случуваат. Ја косристам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние луѓе кои учестуваат во гаснењето на пожарите, но истовремено знам дека и голем дел од припадниците на армијата се вклучени во борба на огнената стихија и припадниците на МВР, но и голем број македонски граѓани кои добороволно се вклучија во борбата со огнената стихија.“ – изјави Мицковски
Луѓето кои го управуваат кризниот менаџмент секојдневно се соочуваат со предизвици, а новата влада ќе се насочи во набавка на современи и модерни летала. Инаку министерството за одбрана е во фаза на процес на набавка на воени летата.
„Потребниа ни е модцернизација во тој дел, делот кога треба да се управува со кризите и кризните состојби. Мислам дека најмногу ни се потребни современи, модерни летала, авини или хеликоптери кои ќе бидат во функција и на МВР, знам дека министерството за одбрана е во фаза на процес на набавка на воени летала хеликоптери, но и на луѓето кои го управуваат т кризен менаџмент кои се справуваат со ваков тип на предизвици.“ – изјави Мицковски
Премиерот Мицковски додава дека потрбни се алатки и летала за да може многу побрзо и едноставно да се справуваат во кризните состојби. Посочи дека потребно е рано детектирање за да не дојде до ескалација. Очекува во наредниот период да се фокусираат и на овој тип на справувања со кризните состојби, со освременување и модернизација на ваквите услови.
Лаура Стојанова, М-Нет