
Второлигашот Вардар од Неготино за новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Втората македонска фудбалска лига го промовираше Метин Ќерими како најново засилување.
22-годишниот Ќерими игра на позицијата лев бек и средина, а доаѓа од третолигашот Шкендија од Арачиново, а претходно има настапувано за БВК Коњари, екс второлигашот Братство Житоше, Воска Спорт и Скопје, а има настапувано за нисколигаши во Швајцарија.
Претходно, Вардар Неготино ја продолжи соработката со искусниот Нику Зумровски, а ги промовираше младите играчи Лазар Милошевиќ, Дамјан Стојковски, Петар Обадиќ, Мухамет Ахмети, Давид Спасов, голманот Славе Вргов, Живко Крстев и Дарко Донов.
Минатата сезона Вардар Неготино заврши на шестото место со 42 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет