Издавачите на соби, викендици преку „боокинг“ со обврска да го пријават данокот на доход во УЈП

Сите граѓани кои издаваат станбени простори, соби, апартмани, простории за одмор и рекреација треба да го пријават доходот од издавање на закуп или подзакуп. Од УЈП ги известуваат граѓаните кои непосредно или преку платформите боокинг, аирбнб, кајак и слично издаваат соби, викендици, гаражи дека имаат обврска да поднесат Електронска пресметка.

“Доколку едно физичко лице издава простор по закуп на друго физичко лице доставува една електронска пресметка.доколку станува збор зза едно физичко лице во текот да го издава просторот помалку од 31 ден значи го доставува просторот на повеќе физички лица тогаш до УЈП доставува и поединечнио пресметки. Но доколку физичкото лице го издава просторот за една календарска година тогаш доставува една пресметка до УЈП а за кое системот генерира 12 налози.“- вели Данкова.

Обврска за плаќање имаат и правните лица кои кои се закупопримачи. Доколку едно физичко лице издава простор на правно лице, правното лице е обврзник и негова обврска е да го пресмета, задржи и уплати данокот на доход.

„Овие пресметки од закупнина се доставуваат исклучиво електронски преку системот е даночни услуги. Регистрацијата е едноставна. Се најавувате и има барање за регистрација, се пополнуваат основни информации и актиевн меил.“ – вели

За непочитување на обврските следува и глоба во висина од 50 до 250 евра.

Од УЈП исто така апелираат сите даночни обврзници кои обавуваат промет во готови пари да издаваат фискални сметки.

Лаура Стојанова М-Нет