
Новиот второлигашот Шкендија од Арачиново одлучи каде ќе ги игра натпреварите од новата сезона 2025/2026.
Шампиониот на Трета лига – Север за минатата сезона во баражот го совлада Осогово со 2:1 и така обезбеди влез во Втората македонска фудбалска лига после долги години.
Изминатата сезона екипата на Шкендија Арачиново како третолигаш домашните натпревари ги играше на „Хасан Бег арената“ во Синѓелиќ, но за во новата сезона Шкендија ќе игра на друг терен.
Второлигашот од Арачиново домашните натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје.
Александар Ванев, М-Нет