
Промени во македонската кошарка, Првата лига од сезона 2026/2027 ќе се намали за две екипи, па наместо 12 ќе брои десет екипи.
Тоа значи дека следната сезона 2025/2026 ќе биде последно издание со 12 екипи, а веќе од сезона 2026/2027 кошаркарската елита на Македонија ќе брои десет екипи.
Следната сезона од Првата лига ќе испаднат три екипи, а пак една екипа од Втора лига да обезбеди промоција во Првата лига, а како што информираат од кошаркарската федерација на Управниот одбор било разговарано, пред одржување на државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2026“ да се одржи состанок со прволигашите да се разговара за понатамошно намалување на осум екипи.
Дополнително на Управниот одбор било разговарано дека во сезона 2025/2026 во текот на целиот натпревар на терен да бидат присутни двајца домашни играчи. Правилото ќе важи од почетокот на натпреварувачката сезона.
За дваесетина дена е најавен нов состанок на кој ќе се разгледува опцијата за формирање на лига во која ќе играат играчи од 20 – 23 години.
Александар Ванев, М-Нет