Нова енергетско ефикасна фасада и санација на кровот доби ООУ „Гоце Делчев“ Штип

Општина Штип преку Министерството за образование и наука реализира поголеми капитални проекти. Еден таков е и проектот во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип. Со нова енергетско – ефикасна фасада и санација на кровот учениците ќе можат максимално да уживаат во времето поминато во училишните простории.

„Училиштето „Гоце Делчев“ ќе добие енергетска ефикасност и значителни заштеди во потрошувачката на електричната енергија и огревот. Досега општината во ова училиште има инвестирано некаде околу 6 милиони денари со кои беа санирани санитарните јазли, поставување ограда околу самото училиште, а решен е и проблемот во улилиштето во Три чешми.“ – истакна градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

За овој капитален проект Министерството за образование и наука има обезбедено 10 милиони и 700 денари за реконструкција и поставување на енергетско ефикасна фасада и 8 милиони денари за санација на кровната конструкција. Директорот на училиштето задоволен од ваквите вложувања бидејќи добото е за учениците.

Општина Штип продолжува со вложувања и инвестии во образованието, бидејќи како што истакна и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, тие се иднината.

Лаура Стојанова М-Нет