Дедо паднал од трактор и со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничка болница Штип

На 05.05.2021 во 12.45 часот во Полициската станица Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека за укажување на лекарска помош бил донесен С.С.(86) од с.Љуботен, кој околу 12.00 часот управувајки трактор на нива во атар на с.Љуботен изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увдна екипа на СВР Штип.