
Повратникот во Втората македонска фудбалска лига екипата на Новаци ги започна подготовките за новата сезона.
Новаци како шампион на Трета лига – Југозапад играше бараж за Втора лига, но пенал-рулетот беше кобен за Новаци, а во ждрепката за поразените екипи имаше среќа и обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига.
Новаци под полна пареа се подготвува за новата сезона, а како што најави телевизија М Нет, екипата ќе биде засилена со 6 до 7 искусни фудбалери.
Како што веќе објави телевизија М Нет, нов тренер на Новаци е Дарко Крстевски, а во стручниот штаб на Крстевски останува и досегашниот тренер на Новаци, Горан Ставревски.