Николов: Превозниците на работници во Штип, максимално да ги почитуваат мерките за заштита

Расте бројот на новозаразени односно инфицирани пациенти од Ковид 19 во Штип. За разлика од претходниот период, па и почетокот на годинава, кога бројот на оздравени беше поголем во споредба со бројот на новозаразен сега ситуацијата е обратна. Веќе месец дена трендотот на зголемен број на новозаразени од ковид 19 е се почеста. Првиот човек на градот под Исарот, Николов постојано апелира да се почитуваат мерките за заштита од невидливиот непријател за да не дојде до нов Ковид бран. Овој пат им се обрати и на превозниците кои вршат пренос на работниците до нивните работни места.

Не е сјајна и ситуацијата на Одделот за Кардиологија при Клиничка болница Штип. И покрај нормализацијата на работата на овој оддел со вработените, се зголемува бројот на пациенти со разни заболувања од почетокот на пандемијата до денес.

За да се спречи ширењето на корона вирусот останува да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од истиот, носење заштина маска, одржување дистанца и користење на средства за дезинфекција.

Лаура Стојанова М-Нет