„Егоцентричен вакуум“ самостојна изложба на Ристе Мицевски вечерва во просториите на Дом на млади- Штип

Ристе Мицевски уште од мали нозе активно е дел од македонската ликовна сцена, како млад ликовен уметник. Неговиот немирен дух му овозможува да прави необични потези со четката на платно. И со тоа ги остава сите без збор. Има учествувано на голем број проекти, меѓу кои го издвојува учеството во Македонскиот Народен Театар – Скопје. Се збогатува со креативно –едукативната работилница „Мост“ одржана во Музеј на современа уметност- Скопје. Мотививиран од секојдневните сегменти ги пренесува во неговата изложба. Денес, во 19:30 часот во Дом на млади – Штип ќе се одржи неговата втора по ред изложба „Егоцентричен вакуум“. Неговите дела се изработени со помош на оган, скриените мотиви, желби.

„Темата е многу длабока и суштинска и со многу енергија. За кватното вакумунизирање на психологијата на човекот. И егоцентричноста на танцот на огнот. Вечерва, по втор пат ќе биде изложбата во мојот роден град. Каде што љубителите на уметноста во Штип можат да се соочат и да ги погледнат моите дела.“ Изјавува, Мицевски

Пандемијата на еден начин ни помогна, затоа што за создавање на едни уметнички дела. Уметниците сакаат свој личен простор без многу луѓе. Но, пандемијата остави белег, многу изложби не се одржаа. Но, еве од каде Мицевски ја црпи инспирацијата.

„Не сакам да откривам повеќе детали, ве поканувам вечерва да бидете дел од магијата и сами да си претпоставите и сами да го дефенирате насловот.“ Изјавува, Мицевски

Надица Стојковска/ М Нет