Автобусите за превоз на работници во Штип преполни, ситауцијата со Ковид 19 алармантна

На почетокот на пандемијата Штип беше една од општините со висок број на заразени од Ковид 19, пред се заради големиот број кластери во текстилната индустрија.  По година дена живот во пандемија, превозот на работници во Штип, повторно крева прашина. Состојбата со новозаразени од ковид 19 во Штип, вклучи црвено светло и кај превозниците на работници. Автобусите преполни, ситауцијата алармантна, препораките секојдневни.

„Состојбата е алармантна, автобусите се преполни, не се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот. Работниците констатно пријавуваат, па така „Гласен текстилец“ излезе на терен и ја констатиравме оваа состојба“ – кажаа од „Гласен текстилец“.

Од СВР Штип велат дека не е во нивна надлежност да се казнува, доколу бројот на патници не е запазен, што не беше случај во почетокот на претходната година. Тие казнуваат доколлу не се почитува одлуката за носење на заштитна маска во превозните средства, но и тоа е реток случај бидејќи во најголем број слуачи луѓето имаас заштитна маска. Обврската да казнуваат за зголемен број на патници е на општинскиот сообрачаен инспектор. Од таму велат регуларно се постапува.

„ Од констатираните контроли, гледаме дека нема некое прекршување на протоколите во однос на бројот на патници кои што се превезуваат, кој по новите прописи е 75% од капацитетот на автобусите“ – истакна Блажева.

Апелите продолжуваат од сите страни за почитување на мерките и протоколите за заштита од Коивд 19, во сите сфери од животот.

Лаура Стојанова М-Нет