
Главниот град на Србија Белград повторно беше среќен и бериќетен за кик боксерот на Гладијатор од Штип Никола Нацев. Тој заедно со тренерот Шенол Асанов ја сподели радоста на освоениот трофеј на Европскиот куп во кик – бокс на кој настапија натпреварувачи од 12 европски земји.
Изјава: Никола Нацев – Европски Куп шампион
Долгото отсуство поради пандемијата Никола Нацев очигледно рационално го користеше и ги впиваше советите на тренерот Шенол Асанов кои еве на најдобар можен начин го надокнадува со освоените признанија и трофеи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk