
Утре започнува новата сезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од првото коло. Титулата ќе ја брани Скопје, а Пелистер е нов прволигаш.
Актуелниот шампион Скопје одбраната на титулата ја започнува против Кочани на домашен терен, во меч каде тимот од Пржино ќе биде повеќе од апсолутен фаворит за трите бодови против тимот кој лани избори опстанок во елитата преку бараж.
Љуботен на домашен терен во Тетово ќе ја пречека екипата на Каменица Саса, тимот од Македонска Каменица значително се засили и со фудбалерки од странство и сака враќање на титулата во малото рударско гратче.
Тиверија Брера на домашен терен во Струмица ќе го пречека новиот прволигаш Пелистер, а Речица ќе биде домаќин на Ас Јунајтед од Струга. Вардар во сосема нов лик ќе игра против Истатов во скопско дерби.
И во новата сезона шампионот обезбедува квалификации за Лигата на шампиони, десеттопласираниот тим како последен испаѓање директно во Втора лига, а пак претпоследниот тим игра бараж за опстанок против вториот тим од Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет