Никола Кузманов: Играчите на Слога со карактер, мотив и дисциплина до активна улога во првенството на ВМФЛ – Исток

Вистински празник зачинет со голема радост на фудбалерите на Слога од Виница по вчерашниот триумф против екипата на Локомотива во Градско. Победата од 2:1 е доказ дека Слога полека но сигурно се враќа на традицијата, односно бележи значајна улога на фудбалската карта на Македонија. Тренерот Никола Кузманов не го криеше огромното задоволство од овој успех инаку трет по ред во оваа есенска сезона.

  • „ Честитки за сите играчи кои на овој натпревар и во изминатите две кола покажаа исклучително вреден карактер, нескриена желба за успех и секако мотив за триумф и освојување на три бода. Импресионира и дисциплината во извршувањето на поставените задачи од нас тренерскиот тим во кој покрај мене се Тамер Јамаковски и Боби Тиквешанац. Засега сме лидери на табелата со сто процентен учинок а со тоа и ја практикуваме целта да одиграме на високо ниво и да учествуваме со стабилен тек играјќи активна улога во првенството. Во среда не очекува куп – натпревар против прволигашот Работнички а во сабота дерби натпревар од четвртото првенствено коло Слога – Победа (Прилеп)“.
  • Инаку тимот на Слога во првото коло го победи тимот на Братство со резултат 1:0, во второто коло победа од 1:0 исто така во Виница против Осогово и сега во Градско победа против Локомотива со резултат 2:1 а стрелци на головите за Слога беа Бојан Иванов и капитенот Иван Митров, додека стрелец за домакините беше Џемал Ибрахимовиќ.
  • Екипата на Слога е прва на табелата со максимални 9 бодови а второто место го делат Беласица, Каменица Саса и Победа со по 7 освоени бодови.
  • Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk