Вчеравечер имаше пожар на градската депонија во Каменица

После добиен повик од страна на физичко лице во територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица негде околу 17 часот и 30 минути дека има активен пожар на градската депонија професионалните пожарникари од овој град веднаш излегоа на терен со две возила и имаа интензивна интервенција до 20 часот и десетина петнаесет минути кога констатирале дека пожарот е ставен под контрола.

Во 17:30 часеот беше пријавен пожар на градската депонија пријавата беше од приватно лице која подоцна ја потврдија од јавното претпријатие и полициската станица на лице место нашата единица излезе со две возила интервенцијата се одвиваше во период од 17:30 до 20:30 кога отидовме констатиравме дека гори средишниот дел на депонијата не беше опасно меѓу тоа ако не се реагираше навреме можеше да дојде до проширување на самиот оган и биде зафатена околната шума. Малин Трајчевски – командир во ТППЕ Македонска Каменица

Покрај пожарникарите со својата крупна механизација јавното претпријатие „Камена Река“ и нивните екипи и покрај неработниот ден останаа на градската депонија за да се задуши жариштето покривајки го со земјен материјал.

Веднаш по дојавата екипите излегоа на терен при што околу 20 часот пожарот целосно беше ставен под контрола механизацијата на јавното остана до 22 часот со земен материјал го доврши процесот за задушување на жариштето при што и од раните утрински часови исто така сме на терен и самиот пожар е локализиран и ставен под контрола, оставаме истрагата да покаже но по увидот на терен се претпоставува дека причината за истиот е човечки фактор. Влатко Андоновски – дир на ЈП Камена Река М.Каменица

Доколку не се реагираше навреме можело да дојде до проширување на огнот и да ја зафати околната шума што е во непосредна близина до самата депонија, а како што дознавме било малку со потешкотии самото гаснење бидејќи во отпадната маса има и голема количина на пластика и други лесно запаливи материјали но уште еднаш да кажеме дека навремената и брза реакција не дозволи тоа да се случи.