
Нечисти, неупотребливи и напуштени се скривниците во Штип, кои се користеле како засолништа и биле од големо значење во услови на криза. Во надлежност на штипската Дирекција за заштита и спасување се пет скривници со вкупна површина над 500 метри квадратни и со капацитет за околу 500 лица. Некој од нив денес се изнајмуваат, ама многу повеќе од нив се запуштени. Државниот завод за ревизија во извештајот за работата на Дирекцијата за заштита и спасување објави дека во државата имаме 100 скривници, но не врши нивно редовно одржување. Делумно граѓаните на терен сепак знаат сеуште каде тие постојат во Штип, но се децидни дека се далеку од употребливи.
Некој од граѓаните и не знаат каде има вакви засолништа, кои би биле од големо значење во услови на криза.
Инаку, многу одамна не се практикуваат и вежби за спасување во населбите или на вработените во големите компании како да се однесуваат и каде да се упатат во услови на криза, воздушен напад или друга елементарна непогода. Она што посебно направи забелешка самата анкета е тоа дека некој се уште не знаат за ваквите скривници, кој се доста важни за непогодите, кој се можни да се случат.
Иван Митев, М-Нет