
Месото, млечните продукти, јајцата и зејтинот под итно да се намалат , бараат граѓаните на терен. Освен ориз и компир, друго не купуваа велат тие за М-Нет телевизија, а за месо не ни помислуваат. Едногласни се тие дека едвај врзуваат крај со крај.
Граѓантие велат со две пензии и водење ред, може би и некако ќе го закрпат месецот, но децидни се дека финасии немаат да отидат на бања, а камо ли на одмор во државава.
Во согласност со ситуацијата, премиерот вели дека во пресметката треба да бидат вклучени сите засегнати страни, а дека цените на пресметка на кошницата не треба да бидат земени од поексклузивните супермаркети, ниту од најевтините, туку да биде избрана средина.
Иван Митев, М-Нет