
Делумно раздвижен пазарниот ден во Кочани рано наутро. Повозрасните граѓани ги купуваа најосновните производи наутро додека температурите не се искачени над 35 степени. Велат дека цените на производите овој период од годината за нив се високи, но мора да се купи нешто. Дека покачување на дел од цените на производите има сведочат и продавачите. Дел од нив на пазар своите тезги ги поставија уште вчеравечер, бидејќи велат сите купуваат рано наутро.
„Во Кочани моментално пазарите се слаби, нема народ, цена има. Потрошувачката е многу слаба. Има народот пари, ама цените им се високи, бостанот на пример е 30 денари. Оваа година е малку поскапо споредбено со лани, оти земјоделството го нема, младината избега во странство, нема кој да работи. Не се исплаќа да се работи, има колку за еден среден живот.“ – вели Стојанов.
Младите заминуваат во странство, а по нивите нема кој да работи, велат земјоделците. Според нив претходната година била подобра во однос на побарувачката за разлика од оваа година.
„Граѓаните се слаби со пари и затоа и пазарите се слаби. Имаме производство и за во Албанија, ама нема кој да го извезе. Инаку, претходната година подобро беше.“ – вели Ристов.
Слаб е пазарот и во Виница, цените за продавачите ниски, за купувачите високи. Производството стои не продадено, а се купува само по малку оти толку дозволуваат финансиските можности на граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет