Од први до четврти јули ќе се одржи шаховски Меѓународен турнир за слепи лица, ќе има гости од Бугарија и Србија

Од први до четврти jули во Штип, ќе се одржи шаховски меѓународен турнир во поединeчна конкуренција на слепи лица. На натпреварот ќе учестуваат учесници од државата, но и од соседите Србија и Бугарија. Турнирот ќе биде многу добар, вели претседателот на здружението Драги Витанов и очекува голема дружба за сите слепи лица

“Здружението на слепи лица на град Штип работејќи по програмата за оваа година, во план е од први jули до четврти jули да реализираме шаховски меѓународен турнир во поединечна конкуренција за слепи лица. Меѓународен е турнирот, затоа што на турнирот ќе присуствуваат и слепи лица од Србија и од Бугарија. До сега имаме пријавено 12 шахисти и верувам дека тоа ќе биде конечниот број, бидејќи до 20 jуни беше времето за пријавување на турнирот и важно е дека турнирот ќе биде многу јак, бидејќи тоа се шахисти во врвот на нивните натпреварувања“

Здружението во соработка со ДСД“Браќа Миладиновци“ Штип во изминатата година потпишаа меморандум за соработка. За лицата кои ќе пристигнат од останатите држави е обезбеден престој и нивно сместување, вели директорот Јордан Насев.

“Конкретно за овој настан имаше доставено барање од страна на здружението до управниот одбор на државниот студентски дом за сместување и престој на околу 40 лица. Станува збор за учесници на самиот овој настан на турнирот и оној концерт, кој што ќе биде, меѓутоа овие лица ќе дојдат со придружба. Очекуваме 40 лица да бидат сместени во овој дом во 20 соби“

Покрај шаховскиот турнир, на трети јули е организиран и хуманитарен концерт на кој освен здруженијата за слепи лица, ќе учествуваат и професионални музичари и пеачи од државата

“На трети јули планираме да организираме меѓународен концерт, хуманитарен. Покрај членовите на здружението на слепи лица, ќе присуствуваат и професионални изведувачи, интерпретатори на инструменти и пеења. Настанот ќе го води нашиот познат штипјанец Раде Рогожаров, а средствата од концертот ќе бидат наменети за здружението за слепи лица, а дополнително со управниот одбор ќе видеме каде ќе бидат донирани средствата. Концертот ќе биде во домот на културата „Ацо Шопов“, а влезот ќе биде бесплатен, со што ќе има поставено кутија за донирање кој колку сака“

Инаку, шаховскиот турнир ќе биде организиран во просториите на ДСД “Браќа Миладиновци“ , каде учесниците покрајттоа што ќе имаат можност за дружба, ќе добијат и награди, а истите ќе бидат обезбедени од страна на локалната самоуправа.

Лаура Стојанова, М-Нет