
„Пиринска“, „Иво Лола Рибар“, „Митко Цецов“се само дел од улиците во Штип кои се асфалтирани со несоодветен и неквалитетен асфалт. Граѓаните кои живеат на овие улициреагирале за пропустите кои се направени и видливи со голо око, а контрола направија и надлежните. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека еконсмоскиот оператор на сопствен трошок повторно ќе ги асфалтира улиците, а асфалтирањето започна денеска.
„Врз основа од испитувањето од асфалтната маса кое го направивме се констатираше дека одредени улици несоодветно, неквалитетно се асфалтирани со неквалитетен асфалт. Граѓаните кои живеат на тие улици реагираа за квалитетот за асфалт. Економскиот оператор е информиран дека на негов трошок е должен да го изврши асфалтирањето затоа што имаме обврска да ги кконтролираме сите објекти и улици кои се прават. Такви се улиците Пиринска, 19 Корпус, Иво Лола Рибар “ – вели Јорданов.
Јорданов посочи дека се штити јавниот интерес, а со тоа и можноста штипјани да добијат квалитетни услуги. Асфалтираните улици треба да траат со години вели тој, а не неколку месеци.
„Како што напоменав, јавниот интерес ќе се штити и нема да дозволиме граѓаните да добијат неквалитетни улици. И доколку ова што денес се нанесува не е соодветно и на ова ќе извршиме испитување, повторно ветувам дека нема да дозволиме улиците да траат со месеци, туку напротив треба да траат со години.“ – додава Јорданов.
Јорданов во оваа прилика посочи дека и во иднина ќе продолжат кконтролите, со цел граѓаните да дообијат квалитетни улици кои практично се направени од нивните пари. Се она што е несоодветно и неквалитетно направено ќе биде поправено на сметка на операторот.
Лаура Стојанова М-Нет