
За неколку години ќе нема кој да произведува сирење и млечни домашни производи. Кочанските села остануваат со се помалку жители, нема кој да чува стока, нема ниту кој да произведува сирење или урда. Ама дополнителен проблем е што домашното е скапо за граѓаните па ако некогаш се купувалио сирење со кантички денеска едвај се купува парче од половина килограм.
„Порано се купуваше многу, кантички сирење се купуваше, а сега пола килограм, едно парче. Не да се намалува, ептен се намалува, селото веќе ќе остане пусто уште двајца одгледуваме стока по малку и тоа шталски. “ – велат произведувачите.
Работа има доста велат произведувачите на млечни производи од кочанскиот регион, а придобивките се сведени на нула. Младите се помалку се занимаваат со сточарство и земјоделство, па за неколку години сирење ќе може да с купи само од маркет.
„Тешко е додека го преработиме, овде велат скапо е, ама на нас не ни е скапо евтино е. Нема крај мора да се работи нешто за да се живее. Ммногу не се исплаќа ама мора од нешто. “ – додаваат произведувачите,
Домашното сирење е со цена од 450 денари за килограм, урдата 250 денари а млекото 100 денари за литар и половина.
Лаура Стојанова М-Нет