
Се почеста е појавата на депресија кај граѓаните во државата. Секојдневните обврски, приемот на информации и динамичното тепмо на живеење се дел од причините поради кои се појавува некоја од формите на депресија. Доктор Билјана Илиев, потенцира три форми на депресија и според неа најважно е да се забележат навремено симптомите на депресија и да се посети лекар. Понатамошниот тек на лекување може да се одвива и во домашни услови со доволна поддршка од семејството и околината.
„Состојбата на пациентите е дека постојат три вида на депресија, лесна, умерена и тешка. Со лесна депресија пациентите и со умерена и со тешка може да се лекуваат не само хоспитално може да се лекуваат и во домашни услови, доколку имаат поддршка и грижа од семејството. Само е потребно да се појават навремено на преглед кога ќе ги почувствуваат првите симптоми, а тие симптоми траат најчесто околу две недели“ – вели Иванов.
Како еден од најефективните начин на кои може да се избегне појавата на депресија е селекцијата на информации, децидна е Илиев. Вели дека граѓаните треба да бираат кои информации и на каков начин ќе ги примаат, а тоа може да се направи со постојана комуникација, дружење и слично.
„Постојаните притисоци кои стигнуваат до нас – веќе подолго време се зборува дека треба да се прави селекција. Се што гледаме и слушаме треба да го селектираме за не ни дојде премногу напорно. Економската криза, миграцијата на луѓето и можам да кажам дека селекцијата на информациите, соработката и размена, дружење се дел од начините на кои може да се избегне појавата на депресија“ – додава Илиев.
Депресијата е една од најпостојани заболувања во овој век, односно петта на листата после кардиоваскуларните заболувања иостанатите заболувања.
Лаура Стојанова М-Нет