
Третолигашката фудбалска сезона моментално е во прекин откако со одлука на здравствените власти поради пандемијата се побараа ПЦР тестови за сите екипи. Финансиските услови на овие екипи не си го дозволуваат тој „луксуз“ и се во неможност да обезбедат тестирање на своите фудбалери а од друга страна тоа е преголем „залак“ и за ФФМ . Од таа гледна точка меродавните органи на ФФМ поткрепени со образложението на третолигашките екипи поднесоа барање до здравствената комисија да дозволи продолжување на првенствената сезона а без скапото тестирање. Самата ситуација со намалувањето на бројот на заразени оди во поволна корист на фудбалските третолигаши кои со пиетет очекуваат нова одлука и враќање во фудбалската нормала.Како и да е сите се во исчекување на нова одлука која ако биде донесена во следниот период благовремено ќе информираме. Инаку засега на третолигашката табела во групата Исток на чело изби екипата на Детонит од Радовиш со голема амбиција да остане на врвот и да обезбеди пласман во Втората фудбалска лига на Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk