
На 27.04.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во река Брегалница на место викано „Долна Река“, атар на с.Драмче, бил пронајден удавен Ф.М.(63) од с.Бигла, делчевско. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршила екипа од Полициската станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.