Конечно жителите на виничкото село Лески во XXI век нема мака да мачат со недостигот на вода особено во летниот период кога едвај имаат за основните потреби.
„ Секако е подобро ќе видиме кога ќе биде пуштена квалитетот каков ќе биде; Ние си имаме извадено наша вода ама летно време прекинуваше едно шест месеци ја однемуваше водата очекуваме да се подобри состојбата и да нема вакви проблеми со недостигање на вода квалитетот на истата зависеше од врнежите; сега не поврзаа на градкиот водовод пред тоа ние сами докарувавме од месноста лисец; сега сме помирни бидејќи знаеме дека градската вода се проверува и можеме да ја користиме за секаква потреба – кажаа меѓу другото анкетираните жители на Лески.
Според анкетираните луѓе со оваа активност очекуваат да имаат поголема сигурност и безбедност со новиот проток на вода и ќе биде безбедна за користење за сите свои потреби не само за техничка употреба како што беше досега.
„ Ја пуштивме во употреба станицата за вода т.е приклучување на село Лески на виничкиот водовод оваа инвестиција е во вредност од 24 и пол милиони денари од кои 23,5 од европската инвестициона банка а 1 милион од касата на општината. Ова е проект во две фази едната фаза е приклучувањето на Лески на водоводната мрежа, а втората која во моментот се работи е проширување на капацитетот на виничката филтер станица, досега капацитетот беше 100 литри во секунда а со проширувањето треба да се зголеми на 150 литри во секунда што значи во следните 50 години виница и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа ќе немаат проблеми со водоснабдувањето. Кажа градоначалникот на Виница Ивица Димитров.
233 домаќинства од Лески се поврзуваат на системот според директорот на Јавното Претпријатие „Солидарност“ водата што тие ја преработуваат е технички и биолошко – хемиски исправна.
„ Со оваа инвестиција со поврзување на село Лески со градскиот водовод 233 регистрирани водомери односно толку домаќинства ќе добијат исправна вода за пиење, нема да има никаков проблем затоа што имаме доволно производство на вода и преработка на вода за разлика од предходните години кога во летото немаа вода на своите чешми, водата што ние ја преработуваме е технички и бактериолошко – хемиски чиста со самото приклучување е многу побезбедно одколку користење вода од селски бунари ископи и слично. Истакна Александар Трајков директор на јавно претпријатие „Солидарност“ Виница.
Со пуштањето во функција на станицата која што е лоцирана кај селската црква самата станица им овозможува на населението од Лески после 30 години да имаат добра вода за користење.