Заедно со пензионерите и примателите на надоместокот за трето дете денес чекаа во долгите колони пред сите филијали на лоцираните банки во Штип. Станува збор за невработени лица, кои активно бараат работа, согласно со Законот за вработување и осигурување.
Примателите на социјална парична помош во паника – дали моменталното пореметување на банкарскиот систем, што е предизвикано од стечајот на Еуростандард банката, ќе им ги ускрати единствено сигурните средства за егзистенција, кои ги добиваат на месечнo ниво и денес останува нивна.
Иако висината на социјалната парична помош се усогласува со порастот на трошоците за живот за предходната година, токму состојбата со пандемијата и можноста да задоцнат овие средства, ги загрижува овие граѓани, кои се упорни пред влезот на банките.
Засега нема измени во исплата на социјалната парична помош, која за носителот на ова право изнесува 2.871 денар, именувани како основица.