
Под знак прашалник е изградбата на булеварот Партизнаска во Штип. Министерството за финансии не даде согласност на Општина Штип за заем со кој требаше да се реализира овој проект како и изградбата на конзоли на река Отиња. Според градоначалникот Иван Јорданов, причина за ова е што во минатото не се враќале ратите за кредит, па додека не се исплати сегашниот долг Финансии нема да даде нов заем.
„Приоритет на Општина Штип е реализација на капитални проекти како што е булеварот Партизанска со кој ќе се подобри сообраќајното решение на тој дел од градот и тоа е прокет од кој нема да остапиме. Наша заложба беше да најдеме начин на финансирање со одложено плаќање и побаравме согласност од Министерството за финансии, но заради непродуктивното трошење на паите во минатото нема согласт од финансии“ – кажа Јорданов.
До сега општината има исплатено половина милион евра за девет месеци, од долгот од пет милиони денари. Ако се продолжи со вакво темпо долгот нема да се исплати ни до крајот на наредната година. Тоа значи дека булеварот Партизанска ќе чека некои подобри времеиња за реализација. Но, Јорданов вети дека до крајот на маднатот и долгот ќе биде исплатен и булеварот ќе биде изграден.

„Ние се трудиме овој кризен период да го изменаџираме, средствата кои ги прибираме по основ на даноци, по основ на градежно земјиште ги реалоцираме на капитални инвестиции, но и да го вратиме тоа што некој недомаќински се однесувал со Буџетот на Општина Штип. Јас сум убеден дека со одговорно работење ќе го вратиме тоа што некој неодговорно се однесувал и ќе ги реализираме прокетите. Мое ветување е дека булеварот Партизанска ќе биде реализиран“ – додаде Јорданов.
Изградбата на булеврот Партизнаска е проект со кој се предвидуваше проширување на патот кој ги поврзува населбите Осми Ноември и Баби во Штип и негово уредување како булевар. Конзоли на река Отиња е проект кој веќе е започнат и беше предвидено негово завршување од двете страни на реката.
Лаура Стојанова М-Нет