Недостасуваат наставници по математика и физика, младите учат ама работа бараат во бизнис секторот

Се помалку наставници по математика, физика и хемија, но недостасуваат и наставници или професии по географија и историја. Голем број основни и средни училишта мака мачат со професионален кадар од природните науки. Јазот преголем и за да се надмине истиот универзитетски професори кои работат на европски проект сметаат дека освен факултетско образование мора да се применуваат и други форми за професионално доусовршување на наставниците од сродните дисциплини.

„Во нашата програма сегментот во кој пишуваме кои ќе бидат реализатори или слушател на програмите, се наведени факултетите од природната група на предмети и техничките факултети, што не значи дека понатаму не можат да се прошират на медицинските или уметничките“ – вели универзитетскиот професор Татјана Атанасова-Пачемска

Зарди разни причини наставничката дејност е професија која во моментот не мотивира. Младите ги избираат факултетите по математија и информатика на пример, ама понатаму не се одлучуваат да се занимаваат со наставничката професија. Треба да се работи на мотивација на младите за да може ова како пракса да се промени, вели Атанасова Пачемска.

„Наставничката професија е професија која во моментот не мотивира. Веројатно тоа е поради статусот, но и поради ниските плати…. Има интерес за студирање на овие факултети, но после нивното студирање тие го наоѓаат своето работно место во бизнис секторот, пошто таму се поплатени и веројатно статусот на нивните работни места е малку повисокизјави Татјана Атанасова-Пачемска.

Денеска во Штип беа презентирани резултатите од проектот, а штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ е дел од акредитираната меѓународната програма за пост факултетско образование на наставниците.

Лаура Стојанова М-Нет