
Втората делница на далеководната врска меѓу трафостаниците Неокази и Пробиштип стартува со работа, ова е дел од новоизградениот 110 kV далековод ,се потенцира заложбата за инвестиции во енергетската инфраструктура кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард. Со реализација на овој проект, се јакне преносната мрежа и се создава погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали, изјави мегудругото премиерот Заев и додаде дека со оваа капитална инвестиција, во вредност од 2,45 милиони евра се создадени услови за целосна енергетска функционалност на индустриската зона Неокази, во која веќе има еден голем инвеститор од метало-преработувачката индустрија.
Министерот Бочварски посочи дека инвестициите во електро-преносниот систем се од клучно значење за севкупниот стопански развој на државата, со цел Владата да стимулира економски раст и одржување на стабилност во енергетскиот сектор.
Директорката Ева Шуклева напомена дека oд енергетски аспект, АД МЕПСО со новата инвестиција ги сведува на минимум трошоците за одржување на опремата и што е поважно – ризиците од испади во електропреносната мрежа.
Ревитализацијата на електропреносната мрежа значи целосна замена на 110 истрошени бетонски столбови со истотолку нови челични .Сега заменетите бетонски столбови имаа старот од 48 до 60 години и представуваа своевиден ризик за околината.Трафостаницата Неокази има далечински надзор со Националниот диспечерски центар во Скопје. Овој нов проект од електроенергетскиот секторзначи воспоставување на стабилност во енергетскиот сектор.
Македонска Каменица по примерот на Шведска за стекнување на колективен имунитет.
Маре Стилова М Нет
Игор Зиврев М Нет