На 17 и 18 мај ќе се одржи третиот конгрес организира од студентите по Општа медицина во Штип

На 17 и 18 мај годинава се организира Третиот конгрес на стидентите по медицина во Штип. Во Мултимедијалниот центар во Штип ќе присуствуваат голем број на професори и доктори, како и млади студенти кои ќе имаат можност да научат нешто плус. Организаторите посочиваат дека двата дена се резервирани за сите оние кои сакаат да се стекант со нови знаења и вештини. Третиор конгрес на студентите од општа медицина е насловен како Додека има живот, има надеж!

„Ние како студенти на Факултетот за медицински науки сакаме да ве известиме дека на 17 и 18 мај во Мултимедијалниот центар при УГД Штип ќе се одржи третиот конгрес на Општа медицина, на кој ќе присуствуваат звучни имиња од професори и доктори.“ – вели Хубрев.

На конгрсот покрај професорите, можност за презентирање ќе имаат и самите студенти. Предвидено е ваквите пленарни предавања да се одвиваат наутро, додека во попладневните часови ќе има организирано практични работилници каде студентите ќе имаат можност да ги подобрат своите вештини во различни области од медицината. Истите ќе имаат можност да одберат дали настанот ќе го следат како пасивни или активни учесници со претставување на своја орална или постер презентација.

„Целта на овој конгрес е да се здобиеме со повеќе знаења надвор од материјалот којшто го изучуваме на факултет и да се запознаеме со нови техники.“ – додава Хубрев.

Организаторите ги поканија сите кои се заинтересирани да присуствуваат на мконгресот, да се стекнат со нови знаења и вештини. Вакви конгреси на студентите по општа медицина се реализира во 2018 и 2019 година.

Лаура Стојанова, М-Нет