На три кола до крајот Форца стана шампион на Македонија во футсал

На три кола до крајот од сезоната во Првата футсал лига на Македонија екипата на Форца стана шампион.

Форца има 15 од 15 и 42 бодови на своето конто, а сосема очекувано е дека до крајот ќе имаат максимални 18 од 18.

Форца одигра доминантна сезона и на секој натпревар немаше проблеми со противниците за трите бодови. Екипата на Форца е составена од искусни фудбалери кои се и репрезентативци, и од самиот старт важеше за апсолутен фаворит за освојување на домашното првенство, а со тоа обезбедување и на излез во Европа.

Последен е Овче Поле од Свети Николе со 5 бодови и сосема сигурно ќе испадне од лигата, а пак претпоследната екипа игра бараж за опстанок во Првата футсал лига.

Александар Ванев, М-Нет